Откриени невидливи реки во атмосферата!
Атмосферските реки се големи непрекинати струи од влажен воздух кои летаат илјадници километри низ небото.Откриени се дури неодамна а она што паѓа од нив опасно е колку и ураганите.
Првите знаци на постоење на овие небесни реки ги откриле Јонг Жу и Реџиналд Нјел од Институтот за технологија Масачусетс кои во 1998 година во климатски модел забележале дека речиси целата пареа која патува меѓу тропските краеви и средните ширини ги собира во тесни густи текови.
Ова било спротивно од гледиштето за дистрибуција на водата во форма на облак од распрскувачи. Овој модел подоцна го потврдиле и сателитските снимки.
Што предизвикува создавање на небесни реки?
Научниците уште не знаат што го поттикнува создавањето на овие водни текови во атмосферата.
За климатолозите тие се едноставно непредвидлива појава. Доколку во компјутерската програма внесете неколку клучни зборови за атмосферата како што се зачувување на материите и моментот, дистрибуција на сончевото зрачење,земјена ротација и топлинските својства на водата, небесните реки ќе се појават.
На северната полутопка тие обично се јавуваат како циклонски полиња-системи со низок притисок кои ротираат спротивно од стрелките на часовникот кои носат топол и влажен воздух од југ и југозапад на брегот.
Ако ветровите се на висина од околу еден километар се особено силни големи количини на водух полн со вода и можат да поминат голема оддалеченост за многу кратко време.
Ако таа струја удри во крајбрежните планини пареата се кондензира и настануваат обилни дождови. Во секој момент на снимките над Земјата можат да се видат, пет до шест такви реки.
Многу од нив се излеваат во океаните а просечно во себе носат влага како 15 реки Мисисипи или еден Амазон меѓутоа најголеми проблеми создаваат кога атмосферските влијанија ги запираат на едно место./Б.Н.Т
Извор: Tportal