Чипсот делува како дрога ?
Објавено: 11 април, 2013, во 09:20 часот
Омилената играчка – чипсот, никогаш не бил многу обожуван од страна на лекарите и експертите за исхрана. Најновата теорија го споредува со дрога.
Според истражувањата една третина од британските деца јадат чипс секој ден па пресметките се дека една личност јаде сто кесички годишно.
Една кеса чипс на ден може да има последици исто како да сте испиле пет литри масло за јадење годишно. Мајкол Мос, авторот на книгата „Сол, шеќер, маснотии – како на тоа не навлекоа производителите на храна“,тврди дека чипсот е дизајниран за да предизвикува зависност.
На чипсот потребни му се доволно маснотии кои ќе го стимулираат тригеминалот што се наоѓа во внатрешноста на усната шуплина и испраќа сигнали во мозокот. Бидејќи соленото,мрсното и слаткото се вкусови кои мозокот интензивно ги бара, комбинацијата на вкусови од чипс не тера да го јадеме уште повеќе.
“Би било идеално да се јаде чипс два пати во месецот во мали количини. Јадењето чипс во бременоста исто така е опасно како и пушењето. Не е цела храна иста и затоа во се треба да се биде умерен“,смета Мос.
