Се излеа Црна Река и поплави ниви!
Поплавени се земјоделски површини во атарот на неколку села во Тиквешијата, по излевањето на водата од Црна Река. Нејзиниот капацитет бил 120 метри кубни вода во секунда, а сега носела 160 метри кубни вода во секунда.
Дека водата се излеа од коритото на Црна потврдуваат и од Водостопанство Тиквеш.
„Поради зголемен доток на вода која влегува во преливната шахта на Тиквешко Езеро се преполни и коритото на Црна река. Од вчерашните девет метри кубни вода во секунда денеска во Црна Река влегуваат 40 метри кубни во секунда. Поплавени се ниви на неколку локации околу реката. Во Возарци пред железниот мост, во селото Манастирец после мостот, после асфалтната база близу селото Трстеник. Наша механизација работи на терен се со цел да се спречат поголеми штети на имотите. Исто интервениравме и за заштита на бунарите за вода за пиење во Росоман кои исто така се загрозени“ рече техничкиот директор на Водостопанство Тиквеш, Илија Темелковски./ A.Д