ОИК Кавадарци ги додели уверенијата за новите мандати!
Локалните избори 2013 во Кавадарци денеска и официјално завршија. Претседателката на општинската изборна комисија, Марија Јованова, ги додели уверенијата за мандат на градоначалникот Александар Панов и на деветнаесетте нови избрани советници.
Таа искажа благодарност до локалната самоуправа за одличните услови кои и биле понудени за работење на ОИК. Оцени дека изборите поминале во фер и демократска атмосфера.
Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов се обрати на свеченоста за доделување на уверенијата и искажа надеж дека со сите советници ќе има добра соработка.
„Со претходниот совет имавме одлична соработка. Овој состав на советот е составен од повеќе млади луѓе. Очекувам дека ќе имаме успешна соработка во четири годишниот мандат. Имаме многу проекти кои ќе ги претвориме во дела, а вашата работа во советот поскаувам да остане засекогаш запаметена“ им порача Панов на советниците.
За прв пат новоизбраниот совет и градоначалникот Панов направија групна фотографија која ќе остане во архивите на општина Кавадарци./А.Д