Катастарот создава наместо да ги решава проблемите со имотот на граѓаните!
Отворениот ден на велешкиот катастар се претвори во хаос од незадоволни граѓани и ги откри аномалиите на институцијата.
Голема група револтирани граѓани од селата во Општина Чашка разбрале за отворениот ден во велешкиот катастар и дојдоа да се пожалат и да го решат проблемот што го имаат. Тврдат дека катастарот од премер на премер им отпишува делови од нивната земја. Се сомневаат дека е сторена намерна грешка со цел да се експлоатира шумата која се наоѓа на нивното земјиште.
„Од дваесет парцели во 1988 година до вчера имам останато само седум, тринаесет фалат. Сега ни велат да ангажираме приватен катастар, кој се плаќа по 100 евра за парцела и по тоа ќе ви се најде земјиштето“, вели жител на Чашка.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=6ZpEROO5K_0&feature=youtu.be{/youtube}
„Не бркаат како да не постоиме ние, а од јануари сме запишани во компјутер, не можат да ни ги префрлат парцелите сеуште иако им носиме и стар имотен лист. Мислам дека ова се е мафија, првен тие го мереа, па сега не тераат да одиме кај приватен катастар за да му дадеме по 100 евра од парцела. И сега е сеча, ќе дојде некој ќе ти премери и се што не е впишано кај мене на имотниот лист од таму ќе си ја исече шумата“, вели жител на Чашка.
Раководителката на велешкиот катастар вели дека институцијата работи на секој случај посебно, но дека до сега граѓани со ваков проблем не се јавиле кај неа. Тврди дека обвинувањата се бесполезни бидејќи граѓаните се тие кои на време не се жалеле на катастарските премери.
„Значи тие биле повикани во постапката на систематско изложување и им биле доставени покани и во оваа постапка добиле решение на кое имале право на жалба. Тие не го обжалиле решението, така се идентификувани парцелите, се согласиле на записник и го ставиле својот потпис и за тоа сега по закон треба да направат геодетски елаборат“, вели Билјана Аврамова, раководител на велешки катастар.
Но, слушајќи ја изјавата на раководителката се јавија многу револтирани граѓани, кои најмногу се жалеа на неажурноста на оваа институција.
Според портпаролката пак најчесто граѓаните се оние кои тропаат на погрешна врата, па поради тоа се создава гужва пред катастарските шалтери.
„Од сите странки кои беа примени во текот на овие три часа колку што сме во Велес, многу малку имаат еален катастарски проблем. Имаат или приватизација или легализација, некои се во судска постапка, а колегите иако не се адвокати за да ги упатуваат, сепак ги услужуваат и им го кажуваат кој треба да го изодат за да дојдат до катастарот“, вели Валентина Стефановска, портпарол на катастарот.