Дождовите се добредојдени за неготинските лозја!
Врнежите од дожд деновиве ја зафатија Тиквешијата се добредојдени за лозаропроизводителите од овој најголем лозаро винарски регион во земјава.
-„Влагата во почвата посебно добро ќе им дојде на лозовите плантажи на кои претходно им се даде вештачко ѓубриво што ќе придонесе за побрз и поефикасен развој на самата лоза“,велат лозарите.
Покрај кроењето се заменуват старите дотраени бетонски и дрвени столбови и се поставува нова метална жица.
Доколку нема дојава на ниски температури со добрата обработка, губрење,заштита и наводнување, годинава лозарите очекуваат да произведат над 45 милиони килограми винско грозје за потребите на винарските визби ширум земјава..
Од земјоделските аптеки во Неготино велат дека драстично е зголемена потрошувачката на вештачки ѓубрива од страна на лозарите што е всушност и карактеристично за овој период од годината./Б.Н.Т