Њујорк: Нова рунда разговори за името!
Објавено: 9 април, 2013, во 07:35 часот
По вчерашните одделни средби на медијаторот Метју Нимиц денеска ќе се одржи заедничка средба со претставниците на Македонија и на Грција во разговорите за името, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.
Вчера се одржаа одделните разговори за името на Нимиц со македонскиот и грчкиот преговарач.
Новата рунда разговори започна ден откако во Македонија се одржа вториот круг од локалните избори и осум дена пред вонредниот пролетен извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија.
Во документот ќе влезе и напредокот во дијалогот за името./Б.Н.Т
