Среќните парови се подебели!

Објавено: 8 април, 2013, во 14:07 часот

Ова истражување може да биде уште еден доказ дека до машкото срце се стигнува преку стомакот.

Луѓето во нестабилни врски, кои размислуваат на раскинување, се мотивирани за одржување на витката става поради поголема можност да си најдат нов партнер, додека среќните се опуштени.

Среќниот брак може да предизвика таложење на килограми а задоволството во љубовта да предизвика дебелина, покажала студијата на Универзитетот Далас која четири години ги следела брачните парови по венчавката.

Причината поради која среќата е поврзана со поголемата килажа се крие во опуштањето. Паровите кои се чувствуваат сакани водат помалку грижа за тоа како физички да го задржат партнерот.

До здебелување не се доаѓа брзо, туку со тек на време, додека оние во нестабилни љубовни врски  не покажуваат тенденција за зголемување на килограмите.

„Заљубените младенци се здебелуваат бидејќи не посветуваат големо внимание на својот физички изглед додека оние кои размислуваат за раскинување на врската се мотивирани да изгледаат витки како би можеле полесно да најдат нов партнер,“ заклучила Андреа Мерцел, раководител на студијата.

Таа додава дека иако таквото опуштање во врската докажува самодоверба и верување може да има негативни здравствени последици поради поголе ризик од дијабетес и срцеви болести кои ги предизвикува дебелината.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.