Неколку трикови за да заштедите пари!

Објавено: 8 април, 2013, во 13:44 часот

Повторно удира економската криза и доколку не спаѓате во малкумината среќници кои не ја чувствуваат веројатно сте принудени да се откажете од многу задоволства на кои сте навикнале.

Нели ви се чини дека колку и да го стегате ременот секогаш од некаде ќе протрече а вие повторно едвај составувате крај со крај.

Еве неколку предлози и трикови како да заштедите пари.

– Хемиските сретства за чистење на купатилото и кујната воопшто не ви се потребни. Можете во целост да ги замените со мешавина од сода бикарбона и оцет.

– Во прашокот за перење, при секоја употреба, особено за белиот веш, додајте сода бикарбона. Вешот ќе биде побел а вие ќе заштедите и пари.

– Наместо омекшувач, користете обичен алкохолен оцет. Не грижете се, мирисот нема да се чувствува а облеката или вешот ќе биде мек. За додатна миризба додајте неколку капки од етерични масла.

– Користете го интернетот за да дознаете каде се поефтини производите и да ги споредите цените во поголемите супер маркети. Така можете да дознаете каде има акции и попусти на производите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.