„Синалко“ лидер во продажбата на сокови по глава на жител!
„Синалко“ соковите се наоѓаат на врвот меѓу најдобрите три газирани сокови во нашата држава, а продажбата од 30 милиони литри годишно ја издвојуваат компанијата „Кожувчанка“ од Кавадарци како лидер во продажбата по глава на жител во регионот, рече сопственикот на компанијата „Кожувчанка“, Митко Јанчев.
Оваа комапнија неколку години ги произведува соковите „Синалко“ и постојано бележи успеси во работењето. Вчера партнерите на Синалко имаа можност да се запознаат со работењето во Македонија. Ги прошетаа производните погони.
Сопственикот Јанчев искажа благодарност за успешната соработката.
„Нашата компанија Кожувчанка од Кавадарци е една од многуте компании од ширум целиот свет која се вклучи во семејството на Синалко интернешнл. Ние уште од 2005 година, горди како официјални застапници и дистрибутер на широката палета на пијалаци наменета за македонскиот пазар. Привилегија е на секоја регионална компанија која се занимава со ваква дејност да соработува со тим на професионалци, како што во моментов ја имаме ниве. Изминуваат 8 години исполнети со одлична соработка и одлична атмосфера за што поголема застапеност и синергија помеѓу останатите партнери за се со цел да го оправдаме и да го достигнеме нивото на брендот, кој е темелен уште во далечната 1905 година, достоинствено како што заслужува“ рече Јанчев. Во стратегијата за развој на компанијата за наредната година Јанчев најави проширување на дистрибуцијата на производите на „Синалко“ на територијата на Република Србија.
„ Успешната работа на оваа кавадаречка компанија која од 2005 година е официјален застапник и дистрибутер на широката палета на пијалаци на „Синалко“ наменети за македонскиот пазар беше и директниот повод годишната конференција на ова германска компанија да се одржи во Кавадарци во просториите на оваа мала но модерна фабрика – изјави генералниот менаџер на „Синалко Интернешнл“ Монџи Гунди.
Генералниот менаџер на “Кожувчанка”, Јанчев, на седумина успешни менаџери на „Синалко“ од целиот свет им врачи благодарници за успешната соработка. / А.Д