Сообраќајот се одвива по влажни коловози!
Патниот правец Неготино – Радовиш, преку Лакавица, поради оштетување на мостот кај Пепелиште целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци.
Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила.
На три делници се вршат одредени зафати или мерења, па таму сообраќајот е малку отежнат, поради наизменично пропуштање на возилата.
На делницата Велес-Кадрифаково како експресен пат, се извршуваат активности на патот кои се поделени во две фази.
На патниот правец Гостивар – крак Маврово кај с. Церово се врши реконструкција на мостот и сообраќајот се одвива регулирано со семафори за наизменично пропуштање на возилата и по една коловозна лента.
На патниот правец Демир Капија – Удово, кај тунелите на Демир Капија, се изведуваат градежни работи на пат. За тоа има поставено светлосна сообраќајна сигнализација (семафори) која го регулира сообраќајот. Можни се повремени кратки застои во одвивањето на сообраќајот на тој дел од патот.
Од АМСМ посочуваат за поголема внимателност е потребна на патните правци од Дебар кон Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, поради честа појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај е умерен на патните правци надвор од градските средини, додека на граничните премини нема подолги задржувања.
