Китев гласаше и очекува победа!
Објавено: 7 април, 2013, во 17:13 часот
Кандидатот за градоначалник на Кавадарци од СДСМ, Бетиан Китев, го оствари своето гласачко право.
Тој во својата изјава за медиумите ја искажа својата убеденост во победата и кажа дека верува во своите сограѓани кои нема да потклекнат под притисоците и ќе останат до крај на својата одлука која одамна им е донесена.
Ги повика институциите да обезбедат фер и демократска атмосфера и овој втор изборен круг конечно да се покаже една политичка култура која ни доликува./A.Д
