Панов: „Дождот е бериќет, чекам победа“!
Објавено: 7 април, 2013, во 17:00 часот
На победа во вториот изборен круг се надева и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Панов. Тој утринава гласаше на избирачко место лоцирано во гимназијата „Добри Даскалов“. Убеден е дека граѓаните ќе ги препознаеле неговите и делата на ВМРО-ДПМНЕ и ќе донеле вистинска одлука.
„Исто како и првиот пат очекувам да победат делата за Кавадарци. Дождот е бериќет и на него можат да се повикуваат само тие кои мислеле на земјоделците. И според теоријата и според праксата од 5-10 отсто излезноста во вториот круг е помала. Очекувам излезност не поголема од 70%“ рече Панов./ А.Д
