Кавадарци: Поткуп, притисоци и агитирање!
Објавено: 7 април, 2013, во 12:34 часот
Во Кавадарци во близина на избирачките места 0691 и 0692, како и на местата 0688 и 0675 биле отворени штабови на политичка партија, кои по интервенција на полицијата биле затворени.
Активисти на таа партија од 9 часот масовно се излезени на терен и постојано пристигнуваат известувања за поткуп. Луѓе се застанати пред избирачките места, пресретнуваат гласачи, вршат поткуп и притисок на гласачите.
На избирачкото место 0661 избркани се заменик членот и заменик контролорот и не им се дозволува да присуствуваат и да вршат мониторинг на избирачкиот процес, информираат од партиски изборен штаб./A.Д
