Стресот во сообраќајот може да биде погубен за вашето здравје !

Објавено: 6 април, 2013, во 21:56 часот

Чекањето во сообраќајниот хаос може да предизвика повеќе проблеми од обична нервоза до сериозни ментални последици,покажало испитувањето спроведено во САД.

Испитувањето е спроведено  меѓу мажи и жени на возраст од 25 до 74 години.Секојдневната нервоза заради чекање во сообраќајната гужва може да се акумулира со текот на времето и да предизвика проблеми подоцна.Научниците кои ја спроведоа анализата сметаат дека задржување на присебноста и „ладна глава“ во такви ситуации исто така важни за здравјето како и здравата исхрана и вежбање.

Користејќи ги податоците од анкетата научниците заклучиле дека негативни последици од стресот во сообраќајот се =расправии со партнерот,судири на работа,нервоза,промени во расположението и слично.Испитувањето покажало дека проблемите со менталното здравје не се последица само на големи случувања во животот туку и на некои ситни искуства.

“Начинот на кој се соочуваме со секојдневните емоции делува на нашето севкупно ментално здравје“,ги коментираше резултатите од истражувањето Сјузан Чарлс,професорка по психологија и социјален однос,пишува Дејли мејл./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.