Денеска претежно сончево, утре облачно со дожд!
Објавено на 6 април, 2013 во 08:50
Во Македонија денеска ќе биде претежно сончево, ветровито и топло.
Ке дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ке дува засилен југозападен ветер.
Дневната температура ќе се движи од 16°C до 25°C.
Во Скопје слично време со максималната дневна температура до 22°C.
Во недела ке биде облачно со поинтензивни врнежи од дожд, ветровито и пад на температурите.
Ќе дува силен северен и северозападен, а во западните предели ке дува засилен североисточен ветер.
Ветерот ке достигне брзина и до 45 км/ч. Се очекуваат да наврнат 20-30 литри дожд.
Утринските температури ке се движат од 4°C до 10°C, а максималните дневни температури ке бидат во опаѓање и ке се движат од 7°C до 16°C.
