Кај Народниот правобранител, утре, ќе можат да се пријавуваат нерегуларности и да се бара заштита!
Објавено: 6 април, 2013, во 08:24 часот
Граѓаните, кои утре на 7 април, ќе се соочат со изборни неправилности и прекршување на правото на слободен избор на избирачкото место ќе можат да се јават и веднаш да побараат помош од Народниот правобранител.
За таа цел освен во Скопје ќе бидат отворени уште шест канцеларии во градовите Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и во Штип.
Од канцеларијата на Народниот правобранител во Скопје соопштија дека ќе ги штитат правата на граѓаните со преземање итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции, кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.
Покрај лично во канцелариите, како и на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на телефонските броеви
044 344– 082 во Тетово,
034 329-996 во Струмица,
045 228-586 во Кичево,
047 242-310 во Битола,
032 389-701 во Штип и
031 431-488 во Куманово.
