Панов: „Гласајте за работачи, а не за прикаскари“!
Објавено: 5 април, 2013, во 16:30 часот
Завршна прес конференција со повик до кавадарчани масовно да излезат на гласачките места во недела денеска упати кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци,Александар Панов.
„Во изминатиот период реализиравме безброј дела со кои се обидовме да го смениме ликот на Кавадарци. Да понудиме поквалитетен живот на сите кавадрчани. Тоа ќе ни биде основата за која што ја бараме вашата доверба. Ние се заветивме за подобро Кавадарци, за дела за Кавадарци. Тоа се дела за нашите деца, нашите родители, спортисти, земјоделци, селани, уметници, односно за цело Кавадарци. Со помош на советниците ќе реализирам уште многу дела. Од оваа страна ја имате победничката коалиција. Ги имате луѓето кои штио работат, кои што не се занимаваат со приказни и малограѓанштина. Ве повикувам да го дадете гласот за работачите, а не за прикаскарите. На 24 март освоивме најмногу гласови.Околу 12.000. Тоа се гласови што ги давате во четирите последни циклуси за ВМРО-ДПМНЕ. Ве повикувам сите заедно, членовите на ВМРО-ДПМНЕ, оние кои се малку разочарани, оние кои се колебаат, да ми ја дадат подршката за уште една победа со која ќе докажеме колку ги сакаме кавадарчани“ рече Панов на прес конференцијата./ А.Д
