Започна втората обука за проектот Ценет!
Семинари на тема „Културата како туристички производ“ и „ Храна и пијалоци“ ,односно како да се понудат на попривлечен начин квалитетни домашни пијалоци и храна почнаа да се одржуваат од денеска во општинското основно училиште „Димче Ангелов Габерот“.
Овие два семинари се дел од проектот „Ценет“ кој се реализира во Демир Капија во соработка со Стопанската комора на градот Флорина од соседна Грција преку проект за прекугранична соработка финансиран од Европската Унија.
Обуката која од денеска ќе трае до недела ја одржуваат професори од Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, д-р Сашо Коруновски и д-р Ангела Василеска.
Во состав на проектот на Центар за едукација и вмрежување во туризамот предвидени се 7 бесплатни обуки во Демир Капија во кои е вклучено на локалното население и бизнис секторот, заинтересирани за едукација во областа на туризмот./Б.Т.Н