Застрашувачки моден тренд: Сјајни диско панталони!
Објавено: 5 април, 2013, во 09:35 часот
За девојките кои се доволно храбри да ги носат, сјајните диско панталони, станаа нов моден хит иако не соодветствуваат со препораките на дизајнерите и моделите кои ги препорачуваат на своите модни ревии.
Во морето модни новитети овој, на сјајните диско панталони со висок струк, е изненадувачки.
И покрај тоа што ретко се наоѓаат во модните часописи и ги нема во трендот од оваа сезона овие панталони се веќе извесен период особено популарни во бројните”haj strit” продавници во странство. Особено се обожувани меѓу жените во Лондон.
Сјајните диско панталони се преземени од лудите диско денови од 70 те и 80 те години па така секогаш имаат висок појас но и патент и копче иако на прв поглед изгледаат како хеланки.
Одлични се во комбинација со големи влакнести бундички и получизмички со дебела пета а тинејџерките го облекуваат со кратки маички во стилот на деведесеттите и високи патики.
