Зголемен бројот на неготинци кои даруваат крв!
Педесет и една крвна единица повеќе, во споредба со истиот период лани, собраа крводарителите во градот.
Во првите три месеци од годината, Општинската организација на Црвениот крст од Неготино, веќе има залиха од 143 крвни единици.
Последниот одзив на најхуманите граѓани се случи деновиве кога екипата за трансфизиологија на организираната крводарителската акција собра 51 крвна единица.
Неготинскиот Црвен крст е задоволен од одзивот и на 34 крводарители од Демир Капија кои се одзваа на повикот во акцијата во основното училиште „Димче Ангелов Габерот“.
„Радува фактот што годинава голем број на крводарители сами доаѓаат да дадат крв во кабинетот за трансфузиологија при Здравствен дом во Неготино“,рече секретарот на неготинскиот Црвен крст.
Тој очекува исполнување на предвидениот годишен план од 700 крвни единици преку организирање на 12 редовни крводарителски акции./Б.Н.Т