Како да ослабете додека го средувате домот!

Објавено: 4 април, 2013, во 20:05 часот

Ако половина час  ги бришете прозорците можете да потрошите 167 калории додека со само 15 минути преместување на мебел низ домот можете да согорите дополнителни 100 калории.

Предноста на пролетното чистење, освен за чистота на домот и намалување на ризикот од развој на алергии, е и во потрошувачката на калории.

Постојаното движење и потребниот напор во чистењето ќе ви помогне во слабеењето за што доволно е само да ги засукате ракавите. Еве кои се предностите на генералката за лице тешко 68 килограми:

– Со миење на садови да согори 153 калории, додека за чистење на голема нечистотија ќе потроши 187 калории, за само половина час.

– Количината на потрошени калории за време на работа со правосмукалката зависи од големината на домот. Со получасовно метење ќе потроши 119 калории а со чистење на подот 17 калории повеќе.

-Со миење на автомобил ќе согори 153 калории а со половна час чистење на прозорци, 167 калории.

– Организирање на ормар е тешка работа а со средување на облека и ставање во кутии ќе потроши 85 калории.

– Со половина час бојадисување на ѕидови ќе согори 167 калории додека за само 15 минути преместување мебел ќе потроши дополнителни 100 калории./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.