До каде е истрагата за несреќата во која загина Никола Младенов?

Објавено: 29 март, 2013, во 21:05 часот

Ни по три дена од загинувањето на новинарот, основач и сопственик на весниците Фокус, Никола Младенов, ниту една од надлежните институции не излезе со официјална информација за наодите од досегашната истрага, која се води во исклучителна тајност.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека прво треба да биде завршено вештачењето на автомобилот, што ќе биде испратено до истражен судија, кој пак ќе излезе со официјална информација само откако ќе се комплетираат сите докази.

Единствена информација објавена од МВР е онаа  во редовниот дневен билтен, дека „на 27 март на автопатот Велес – Скопје на клучката Хиподром се случила сообраќајна несреќа во која возило Мерцедес управувано од Никола М. од Скопје удрило во метална ограда, а потоа излетало од патот и се превртело.

Во несреќата тешко телесно бил повреден Никола М. кој починал на самото место“.

Текстот е на Глас на Америка

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.