Китев: „Сакаме да обезбедиме иднина за сите кавадарчани и да реализираме капитални проекти“!
Објавено: 29 март, 2013, во 14:54 часот
Кандидатот за градоначалник на „Сојузот за иднината“ Бетиан Китев денеска на прес конференција ги презентира капиталните проекти кои ќе ги реализирал доколку ја доибиел довербата на кавадарчани во вториот изборен круг.
„Од првиот ден по добивањето на локалната самоуправа ќе почниме со гасификација на Кавадарци и ќе обезбедиме поефтин енергенс како за јавните објекти и индустријата, така и за домаќинствата. Ќе формирамо ново ЈП „Кавадарци гас„ во кое ќе се вработат соодеветни кадри. Ова ќе значи спас од бестиалното зголемување на цената за струја. Крајбрежјето на Тиквешкото езеро ќе го уредиме како што му доликува на тој прекрасен бисер. Ќе ги промовираме природните убавини, богатството со кое распалага тиквешијата, неискористените потенцијали. Ќе го развиваме езерскиот и планински туризам и ќе го направиме Кавадарци препознатливо по своите ресурси и традиционални богатства на национало и интернационално ниво. Ќе продаваме локации со почетна цена од 1 евро за метар квадратен, за да привлечеме што повеќе инвеститори. Ќе стимулираме градба на винарии. Ќе создадеме плодна клима за инвестиции каде ќе ги ослободиме инвеститорите од давачки во зависност од бројот на новоотворени работни места,“ вети на денешната прес конференција Китев.
Нагласи дека општинската администрација ќе била во целосна функција на граѓаните, а квалитетот и брзината на давањето услуги ќе биле на највисоко ниво. Ќе се отворел посебен административен дел специјализиран за да им помагал на стопанствениците во административните постапки.
“Општина ќе застане позади секој надпросечен студент. Ќе се даваат стипендии и ќе се помагаат интелектуалните капацитети во нивната понатамошна надградба. Ќе организираме бесплатни обуки за невработени, за преквалификација, за усовршување и за стекнување на нови знаења и вештини со цел да им го олесниме пристапот на кавадарчани до нови работни места. Ќе основаме фонд за помош и подршка при започнување на нов бизнис. Ќе основаме центар за трансфер на технологија за да обезбедиме знаење, искуства и добри практики поврзани со технолошките достигнувања во различни бизнис области, особено во високо технолошките области. Ќе им помогнеме на стопанствениците за да се претстават во сите братски градови во странство, а ќе организираме и саеми за промоција на нивните достигнувања.“ рече Китев ветувајќи дека со добиената подршка од своите сограѓани и неговиот избор за градоначалник, општина Кавадарци ќе прераснела во модерна и европска. Домаќински ќе менаџирал со сите буџетски средства.
„Бараме подршка за да го направиме Кавадарци град каде секој ќе може да ги оствари своите амбиции. Бараме подршка не за да поставуваме монтажни метални конструкции спремни за демонтажа веднаш по изборите, не за да асфалтираме улицки само пред избори, туку за да градиме секојдневно, да обезбедиме светла иднина и да оставиме белег од времето кога ни била дадена довербата од граѓаните.Нудиме чесност, искреност и одговорност. Ви го нудиме нашето знаење, нашата определеност да го направиме Кавадарци град каде секој ќе го живее својот сон“ рече Китев./ А.Д
