Клиника за гризење нокти!

Објавено: 29 март, 2013, во 12:04 часот

Без оглед дали ги грицкате ноктите повремено или не можете да ги извадите прстите од уста, екипата од оваа клиника вашиот проблем ќе го сфати сериозно и ќе ви помогне да се решите од него еднаш засекогаш!

Во Холандија е отворен првиот центар за одвикнување од гризење нокти.

Имено, докторите кои се вработени во центарот тврдат дека нашле терапија која успешно ги одвикнува луѓето од оваа грда навика. Тоа го потврди и директорот на центарот Алан-Рејмонд ван Абе кој вели дека „грицкачите“ на нокти откако ќе ја поминат терапијата засекогаш ќе се решат од тој порок.

„Ова е првото место каде сериозно ќе бидете сфатени ако гризете нокти. Очекуваме клиенти од цел свет“, вели Ван Абе.

Почетните третмани кои биле вршени врз пациенти, се покажале 100 процентно успешни, па Ван Абе порачува дека сите кои ќе дојдат во нивната клинија можат да се надеваат дека ќе го совладаат порокот за неколку недели.

Според податоците од центарот, во Холандија преку 2 милиони луѓе грицкаат нокти. Од нив 15% се возрасни, 45% адолесценти и 33% деца.

Центарот не сака да ги открие методите со кои работи, но велат дека на пациентите ќе им бидат ставени на рацете специјален уред со кој ќе се овозможуваат нормални активности, но нема да можат да гризат нокти. Покрај тоа ќе има секојдневни терапии и советувања.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.