Сојузници на женската убавина кои убиваат!

Објавено: 26 март, 2013, во 12:37 часот

Секоја жена во својот ормар има пет работи кои докажуваат дека убавината боли.

Иако се свесни на фактите, модата за дамите е секогаш на прво место, па поради неа се спремни да трпат многу. Ова се женски сојузници во убавината, но и нивни непријатели.

 

Штикли

И покрај тоа што жените ги обожуваат поради неоспорната естетика, високите потпетици треба да се избегнуваат, бидејќи освен што често се причина за воспаленија, исчашувања и скршеници, нивното секојдневно носење предизвикува трајни последици по здравјето како проблеми со карлицата, но и дегенеративни болести на зглобовите. Освен тоа, високите потпетици предизвикуваат и искривување на стапалата кое може да се санира само со хируршки зафат.

Фармерки со низок струк

Фармерките со низок струк се вистински хит во последниве неколку години, но се почести се и здравствените тегоби кои ги предизвикуваат. Претесните модели може да ги приклештат нервите на карлицата и да предизвикаат болки во долниот дел на грбот. Освен тоа, притисокот на бедрата во подрачјето на препоните може да биде причина за губење на чувството на допир.

Претесни градници

Освен што не се удобни за носење, претесните градници може да предизвикаат низа неугодности како иритација и инфекција на кожата, како и проблеми со дишењето. Сепак, најголемиот проблем претставува ракот на дојка бидејќи ги притискаат градите и го ограничуваат системот на лимфна дренажа преку кој телото се ослободува од канцерогените токсини. Лимфната течност не се прочистува, па настануваат згрутчувања и воспаленија, а во некои случаи доаѓа и до рак на дојка.

Танги

Многу жени носат танги за да избегнат непријатно отцртување на долната облека. Сепак, стручњаците предупредуваат дека носењето танги е штетно за здравјето бидејќи може да предизвика инфекции. За време на носењето, облеката се поместува од еден ден на кожата на друг, а доколку тангата се наоѓа на чувствителен дел од каде бактериите од дебелото црево може да се пренесат лесно на уринарниот тракт, инфекциите со бактеријата Ешерихија Коли се многу чести.

Мидер

Мидерите и сличната функционална долна облека чија улога е да ги затегне критичните места исто така се чести сојузници на женската убавина, но стручњаците ги нарекуваат и модерни корсети поради здравствениот ризик кој се јавува за време на нивното носење. Зголемениот притисок на долниот дел од стомакот може да ја потисне киселината од желудникот, а со тек на време придонесува и за појава на воспаленија и чирови, ја влошува состојбата на цревата и му пречи на нормалното спуштање на дијафрагмата за време на дишењето.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.