ОБСЕ-ОДИХР: Изборите со заплашувања и медиумски притисок!

Објавено: 25 март, 2013, во 20:52 часот

Во првиот плериминарен извештај на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР се наведува оценка дека изборите се ефикасно спроведени но, со заплашувања и медиумска пристрасност.

„На овие избори кандидатите можеа слободно да ги водат своите кампањи и самата кампања беше активна. Во исто време до нашата мисија стигнаа уверливи наводи за заплашување на гласачите и злоупотреба на државните  ресурси за време на кампањата. Потребна е дополнителна реформа на изборниот Законик за да се надминат недостатоците “, рече амбасадорот Герт Аренс, шеф на набљудувачката мисија за локалните избори на ОБСЕ и ОДИХР.

Од ОБСЕ и ОДИХР искажуваат загриженост во врска со состојбата со медиумите во земајва.

„Локалните избори се оценуваат како „изразено конкурентни и ефикасно спроведени но пристрасното и партиското медиумско покривање и мешањето на владините и партиските активности не секогаш овозможуваат терен за рамноправен натпревар помеѓу кандидатите“ стои во извештајот./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.