Од попладне заладување, невреме и пороен дожд!
Објавено: 25 март, 2013, во 13:08 часот
Пороен дожд и грмежи ќе ја зафатат Македонија денеска попладне.
Невремето се очекува да започне доцна попладнево. Вечер се очекуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.
Во југоисточна Македонија се очекува да наврнат околу 30 литри дожд на метар квадратен.
Денеска ќе дува и засилен јужен ветер со брзина до 80 километри на час.
Температурите во текот на целата недела ќе бидат над нулата.


