Дојава за бомба во Сител!?

Објавено: 23 март, 2013, во 23:33 часот

Полицијата добила дојава за поставена бомба во телевизија Сител. По проверката од страна на МВР, во телевизијата не е откриена никаква експлозивна направа, пренесе Нова Македонија.

За наводно поставена екслозивна направа било јавено во телевизијата во 22 и 10 минути. Женски глас кажал дека бомбата ќе експлодира за седум минути. Истовремено со идентична содржина дојава за бомба била примена и во полицијата за истата локација.

Полицијата бомба не пронашла./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.