Акција за пошумување во кавадаречки Фени!
Се пошумуваше денеска во кругот на кавадаречкиот комбинат за никел Фени Индустри.
Пошумуваа вработени во комбинатот и средношколците од ЗШУЦ Ѓорче Петров.
Вака покажаа дека сакаат да придонесат за здрава и чиста животна средина.
„ Се работи во континуитет на пошумување,вакви акции како денешната посветена на денот на проетта, имаме редовно во текот на целата година во зимскиот период кога дозволуваат временските услови,напролет и поинтензивни акции наесен. Денес планираме да засадиме околу 3000 багремови садници. Наши партнери во акцијата се подрачната единица на министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и шумското стопанство Бор од Кавадарци. Во текот на оваа пролет се планирани да се засадат околу 10 илјади садници. Акцијата ќе ја продолжуваме и утре со засадување на преостанатиот дел во рамките на редовната практична настава на учениците од ова училиште“,изјави Зорица Ставрова,од Фени Индустри.
Ставрова посочи дека во Фени во изминатите триесет години засадиле околу 100 000 садници кои редовно се обновуваат.
Континуираното засадување на дрвца има за цел да обезбеди зашита од ерозија на земјата околу комбинатот.
Од Фени велат дека животната средина е нешто што сите го делиме и нивната определба е постојано да се стремат кон одржлив развој како и дека во изминатите неколку години реализирале значајни инвестиции во технологии и опрема за заштита на животната средина./Б.Н.Т