Китев: „Комуналец ќе го направам сервис на сите граѓани„

Објавено на 21 март, 2013 во 14:56

Кандидатот за градоначлалник на „Сојузот за иднината“, Бетиан Китев денеска им вети на кавадарчани дека ЈП „Комуналец“ ќе го направел сервис за сите граѓани, бидејќи било во најдиректна ингеренција на градоначалникот. Обвини дека вработените биле ставени целосно во функција на предизборната кампања и дека имало бројни партиски вработувања.

„Во изминатиот период на Ваше изненадување, сите добивте повисоки сметки за вода и комуналии, цената на водата ја покачија за над 50%, со што нашите и онака скромни буџети дополнително се намалија. Од она што е ветено, ништо не е реализирано, а повторно сме неми сведоци на рестрикциите и немањето вода. Не дрќат оправдувањата дека се прават интервенции, а сето тоа се случува во изборниот период. Ако е во добивка претпријатието, како што информираат од сегашната власт, сметам дека тие средства треба да се реинвестираат во општи добра за сите граѓани. А што добивме за тоа? Ништо! Рестрикциите си продолжија,а сметките за вода останаа високи и по основ на вода и по основ на износ на смет. “ рече КЛитев и обвини дека ова јавно претпријатие било ставено во функција на изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ. Им се делеле селективно канти за смет само на членови на владеачката партија.

„ Сведоци сме и на злоупотребата на партијаските вработувања во оваа претпријатие од страна на ВМРО ДПМНЕ, т.е. локалната власт. Многу позначајно е што после толку години сеуште постојат села, не само во рамничарскиот, туку уште повеќе во поткоќувјето, селски населби, кои се запоставени од страна на локалната власт и сеуште не се поврзани со квалитетна водоводна и канализациона мрежа. Иако сме во 21 век, постојат села кои сеуште користат бунарска вода или пак само вода за пиење од една селска чешма. Нема ништо од ветеното, а граѓаните од овие селски населби го дадоа гласот за оваа власт.“ рече Китев и ги повика кавадарчани да придонеселе во промените на ваквите лоши состојби./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.