Панов: „Кавадарци ќе добие мини-аква парк“

Објавено на 19 март, 2013 во 17:33

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и здружената коалиција „За подобра Македонија“, Александар Панов, денеска на своите сограѓани им вети изградба на мини аква парк, ако ја добие нивната подршка.

„Во време на мојот мандат успеавме овој објект, градскиот базен, кој повеќе од 20 години беше даден на користење на некои луѓе од Скопје да му го вратиме на градот. Оваа локална самоуправа по пат на тужба го врати во владение. По волја на граѓаните ќе го трансформираме во мини аква парк. Тоа е дел и од  нашата програма и ќе го реалзираме во наредниот период.“ рече Панов.

Околу идниот мини аква парк тој информира дека засега имало само идејно решение, а бидејќи проектот ќе се реализира преку јавно-приватно партнерство , Панов најави многу содржини кои ќе биле во функција на рекреација на кавадарчани./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.