Чадиев: Рамномерен урбан развој во градот и општината!

Објавено на 19 март, 2013 во 16:04

Убав и плански уреден простор е визијата на ВМРО ДПМНЕ за поубав Велес како и за интегрирање на семејствата во него рече денеска кандидатот за градоначалник Славчо Чадиев на прес конференцијата на плоштад Којник каде ја промовираше започнатата реконструкција.

„Се наоѓаме на плоштад Којник, ова место кое е едно од знаменитостите на Велес, заслужува да има современ и препознатлив лик за нашиот град. За таа цел општината неодамна започна со реконструкција на плоштадот кој ја опфаќа целокупната површина. По завршувањето на градежните работи ќе бидат поставени и стандардни типски тезги, клупи, ново осветлување а просторот ќе биде и соодветно партерно уреден. Во нашата програма е предвидено целосно завршување на овој проект и плоштад Којник да добие целосно нов изглед. Сретствата во висина од 2 милиони денари се обезбедени од буџетот на општина Велес,“ рече Чадиев.

Тој вети осовременување на ликот на градот и населените места во општината во колку граѓаните му дадат доверба за градоначалничката функција во наредниот четиригодишен период.

„Со работа и одговорност ќе воспоставиме нов систем на вредности во општината. Велес е општина која заслужува дела а наша обврска е да им ја обезбедиме иднината на граѓаните. Ние ја бараме довербата за да работиме за нашата и иднината на нашите поколенија,“ рече на прес конференцијата кандидатот за градоначалник  на ВМРО ДПМНЕ, Славчо Чадиев.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.