Китев: „Седум години живееме само со пропаганди и владини реклами. За какви дела зборуваат?“
Кандидатот за градоначалник на „Сојузот за иднината“, Бетиан Китев на прес конференцијка денеска информира дека од секојдневните средби со граѓаните ги согледал сите нивни проблеми. Насекаде имало нерешени комунални проблеми, а особено проблемите биле изразени во руралните средини. Таму сликата била катастрофална, граѓаните неможеле да допреле до лекарства и животот им бил под секое човечко достоинство.
„Сите сме сведоци на партизираноста во институциите, сите гледаме како се залажуваат млади кои со години се водат како волонтери, се злоупотребува нивниот труд, а тие како во состојба на агонија,во надеж дека наскоро ќе бидат вработени и дека конечно ќе го решат егзистенционалнато прашање, принудени се да трпат . Гледаме како млади интелектуалци бараат иднина надвор од Кавадарци, како луѓе со носоодветено образование држат места за кои ниту имаат капацитет ниту ги исполнуваат законски пропишаните критериуми. Околу нас каде и да се завртиме владее самоволие на една политичка гарнитура, која не даде иднина ниту на тие што вети, ниту на останатите граѓани кои се третираат како од втро ред. Единствени кои живеат во нашето Кавадарци се една криминално-мафијашка група која влезе секаде и како рак рана се прошири до џебовите на секој од нас. Седум години живееме само со пропаганди и владини реклами. За какви дела зборуваат?“ рече Китев и упати неколку прашања до своите сограѓани.
„Седум години апсолутна власт на ДПМНЕ не им беа доволни за да ги решат вашите проблеми. Седум години период не беше доволно за да се реализираат сите тие спискови за вработување со кои ве манипулираа, седум години не беа доволни за конечно градот да почне да функционира во полн капацитет за сите основни потреби на граѓаните, а локалната самоуправа да се сконцентрира на постигнување европски стандарди и обезбедување квалитетн живот на кавадарчани. Зошто треба да им верувате дека сега, после седум години лаги, ако победат, ќе остварат се? Зарем не е доволен показател за лозарите дека повторно се изложени на груба нечовечка и дрска лага кога ДПМНЕ им зборува за тоа колку се грижат тие за земјоделието, а само една недела да ги сопрат владините реклами со тие пари ќе го решат проблемот во лозарството. Зарем не е мизерно да дојдат 10 дена пред избори да фрлат еден танок слој асфалт на уличка и да мачкаат очи дека еве работиме? Зарем има уште простор овој намачен народ сеуште да верува во лаги од најнизок ранг?“ рече кандидатот за градоначалник на опозицијата и нагласи дека тие нуделе издржана програма за Кавадарци, чесност и одговорност./ А.Д
