Бишев нов генерален директор на Шпаркасе банка!

Објавено: 19 март, 2013, во 14:05 часот

Глигор Бишев  сигурно оди во Шпаркасе банка, потврди банката, откако Управниот одбор на Steiermärkische Bank од Грац, стратешкиот акционер на Шпаркасе банка во Македонија, се договори со Бишев за негово назначување за нов главен извршен директор и претседател на Управен одбор на банката.

„Новиот директор Бишев ќе ја превземе функцијата по добивањето на потребните регулаторни одобрувања за негово назначување, пред сè согласноста од Народната Банка, како и по истекот на договорениот период за предавање на функциите на новиот менаџерски тим на Стопанска Банка“- соопшти банката.

Актуелниот главен извршен директор во Шпаркасе, Александра Радиќ, најверојатно останува во банката како член на управниот одбор.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.