СДСМ достави претставки до ДИК и Антикорупциска!
Со цел да се преиспитаат случаи на злоупотреба на буџетски средства во предизборната кампања и за предизборни вработувања во јавните институции СДСМ достави претставки до Државната изборна комисија и Антикорупциска комисија, информира потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев.
Од СДСМ бараат да се покренат прекршочни постапки за 73 случаи за злоупотреба на буџетски пари од страна на власта и нејзините кандидати, затоа што со поставувањето камен темелници и отворање на инфраструктурни објекти среде кампања го прекршиле Законот за спречување на корупцијата. Бараат да се поведат прекршочни постапки и за огласите што биле објавени по распишувањето на изборите, со кои треба да се вработат 164 лица во државни и јавни институции и 930 лица преку програмите за самовработување./A.Д
извор: Радио Слободна Европа