На Долги рид, калемените круши добиваат круни!
Земјоделски инжинери ги кројат калемените круши, им формираат круни, на парцелите во месноста Долги рид кај Чашка.
Оваа земјоделска операција следи откако во изминатите две години површините под диви круши во овој земјоделски регион беа калемени и оставени слободно да растат, без посебна заштита од добиток.
Деведесет отсто од калемите се зафатени.
Годинава кога калемените круши ја постигнаа очекуваната висина, инжинерите, почнаа да им формираат круни и во исто време да ги чистат стеблата.
На површините на Долги рид има разни видови на круши а најчеста сорта е кантарката.
Освен на Долги рид насади со круши ќе се калемат и во Извор, на крајот на овој или почетокот на наредниот месец, во зависност од временските услови.
Традиционално акциите ги спроведува Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството со вработените инжинери во велешкиот регионален центар. На помош доаѓаат инжинери од другите центри зо државата/Б.Н