Купете си куче-робот.!
Објавено: 18 март, 2013, во 10:43 часот
TechPet е играчка која го трансформира вашиот iPhone во куче.
Можете да ја симнете бесплатната TechPet апликација и да се грижите за вашето куче на вашиот iPhone или iPod уред.
Доколку го приклучите уредот во влезот за слушалки, кучето оживува! Екранот на телефонот е лицето на кучето, а остатокот од телото реагира на вашите реакции. Можете да го контролирате преку гестикулации со рацете или вашиот глас.
На почетокот, можете да го галите, храните или чешлате кучето. Доколку навремено ги правите овие работи, тогаш ќе се отклучуваат се повеќе игри и функционалности.

Ако не се грижите добро за кучето, тоа ќе ви го покаже тоа. Екранот на телефонот може да биде сменет по желба за да ставате модни додатоци на кучето. Доколку имате повеќе кучиња, тие може да се поврзат преку Bluetooth. Кучето може да биде користено и како MP3 плеер кога се наоѓа во седечка позиција.
Уредот е достапен во розева, бела и боја на далматинец (бела со точки) и чини $59.99 на Amazon.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=koZrdP5hqBw{/youtube}
