Платата на Македонците најниска во регионот!
Објавено на 17 март, 2013 во 08:46
Македонија останува на дното на европската скала според висината на месечната заработувачка.
Македонците се далеку зад европскиот просек и заостануваат зад соседните земји.
Бугарите минатата година ја зголемија минималната плата на 213 евра, во Србија е 150 евра, Македонците имаат 131 евро.
Просечната нето плата во државава изнесува 20.857 денари или околу 340 евра.
Таа лани во ноември бележи пад за 4,3 % во однос на истиот месец во 2011 година.