Почина младо момче среде натпревар!
Сред фудбалски натпревар денеска починал 18 годишниот М.В од Кавадарци.
Лекарите од кавадаречката општа болница потврдуваат дека се случил ваков немил настан за време на фудбалско натпреварување во спортската сала “Партизан“.
Момчето сакало да влезе на теренот и да заигра. Но само што ја прескокнало огрдата и го дало првиот чекор се струполило и паднало на земја.Бидејќи не давало знаци на живот, веднаш била повикана брза помош
“ Биле направени обиди да се реанимира со срцева масажа и соодветни медикаменти. Кај нас беше донесено без сознание и без спонтано дишење, само со една слаба срцева функција. Околу 50 минути траеше реанимацијата од стручна екипа од неколку доктори. Беа превземени сите неопходни мерки и дадена потребаната терапија. Но за жал, момчето почина. Се работеше за клиничка смрт и ние направивме обиди да се врати во живот“ рекоа дежурните лекари од кавадаречката болница.
Причините за смртта на ова младо момче ќе се утврдуваат дополнително. По наредба на истражен судија ќе била извршена и обдукција./ Б.Н.Т