Како да добиеме бујна коса во домашни услови?

Објавено: 16 март, 2013, во 10:06 часот

Бујната коса е секогаш во мода, а ние ви претставуваме три начини како тоа лесно да го постигнете и дома:

1. Со пунџа до поголем волумен – Косата прво измијте ја, а потоа исушете ја со крпа. Потем нанесете пена за коса и соберете ја во ниска пунџа. Пуштете ја да се исуши за време на ноќта и наутро одврзете ја. Вашата коса ќе биде помалку брановидна, а врвовите ќе изгледаат пополни. Оваа фризура е малку поопуштена, а ако сакате поелегантен изглед, пробајте го трикот број два.

2. Комбинација на пегла и округла четка – Нанесете шампон за сува коса и испеглајте ги прамен по прамен. Веднаш штом го испеглате праменот, провлечете го низ округлата четка. Така благо ќе ги заоблите врвовите, а фризурата ќе биде побујна.

3. Врели витлери – Со години се една од најпопуларните методи. Ставете ги на влажна коса, а за да постигнете поголем волумен користете ги во различни големини. Кога ќе се изладат, поминете со прстите низ косата. Таа ќе изгледа поприродно, а ако сакате фризурата подолго да ви трае, ставете обични витлери пред спиење.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.