Облачно и студено!
Објавено: 16 март, 2013, во 08:00 часот
Во Македонија, денеска, ке биде умерено облачно со сончеви периоди и студено, a во западните предели ке биде претежно облачно со можност за провејување на слаб снег.
Кон крајот на денот се очекува да настапи разведрување.
Ке дува засилен северен и северозападен ветер кој ке достигне брзина и до 30 км/ч, а во западните предели ке дува умерен североисточен ветер.
Утринските температури ке се движат од -6°C до 1°C, а максималните дневни температури ке се движат од 1°C до 9°C.
Во Скопје во сабота ке биде умерено облачно, ветровито и постудено.
Ке дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од -2°C, а максималната дневна температура ке достигне до 6°C.

