Црвенковски преку писмо го потсети Иванов за формирање комисија!

Објавено: 15 март, 2013, во 17:43 часот

Лидерот на СДСМ Црвенковски му пиша на претседателот на државата. Како што вели да го потсети и охрабри да ги исполни преземените обврски од договорот за политичата криза под покровителство на меѓународната заедница за формирање на „ад хок“ комисјата за расчистување на собраниските инциденти од 24 декември.

Првиот социјалдемократ му пишал на Иванов дека со непреземањето на никаква иницијатива во измиантиве 14 дена, се изгубило драгоцено време, бидејќи извештајот на оваа „ад-хок“ комисија треба да заземе свое место во Извештајот на Европската Комисија за напредокот на  Република Македонија, а истовремено конечните оценки на експертите кои ќе членуваат во комисијата, во голема мера ќе ги дефинираат насоките во разговорите за предвремени парламентарни избори,

“ Ве охрабрувам што побрзо да ја покренете иницијативата за формирање на Експертската Комисија, за што изразувам подготвеност веднаш потоа да ви ги доставам нашите два предлога за членови и неколку предлози за претседател околу кои би можеле да изградиме консензус“, пишал Црвенковски.

Од кабинетот на Шефот на државата нема коментар за писмото од лидерот на опозицијата. /А.Д

Извор: 24 вести

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.