Мудис го намали рејтингот на НЛБ!
Објавено: 13 март, 2013, во 14:39 часот
Намалена е кредитната способност на Нова Љубљана банка од Б2 на ЦАА2 со негативни изгледи.
Рејтингот на банката го намали агенцијата за рејтинг Мудис.
Како причини за понатамошно деградирање на најголемата словенечката банка со 92 проценти државен удел е потребата за ново зголемување на капиталот со околу 400 милиони евра како и недостатокот на краткорочните изгледи за банката повторно да се врати на патека на добивка.
