Мрзеливоста доведува до ментален замор!
Објавено: 13 март, 2013, во 11:27 часот
Недостатокот на физичка активност води до депресија и други ментални нарушувања, велат научниците.
Истражување спроведено на Универзитетот во Бристол открива дека физичката активност го намалува ризикот од развој на Алцхајмерова болест за околу една третина.
Во просек само 35% од мажите и 24% од жените достигнуваат до препорачаното ниво на физичка активност.

Вежбањето е важно за зголемување на самодовербата, расположението, справувањето со стресот, па дури и го подобрува спиењето, а сето тоа влијае на менталното здравје на луѓето.
Додека, околу 30% од момчињата и 40% од девојките не ја постигнуваат дневната препорачана доза на физичка активност која може да се одрази и врз подоцна менталното здравје.
