Променливо облачно со локален дожд!
Објавено: 13 март, 2013, во 09:01 часот
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен дожд, особено претпладне и во вечерните часови.
Локално врнежите ќе имаат пороен карактер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Температурата ќе се движи од пет до 18 степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 16 степени.


