На патот Градско – Прилеп, вчера, се случија две сообраќајни несреќи!

Објавено: 13 март, 2013, во 08:38 часот

Нисан со кавадаречка регистрација излета од патот Градско – Прилеп, кај селото Раец.

Возилото  излетало и се превртело на покривот.

Нема жртви а возачот како и останатите двајца патници се здобиле со полесни телесни повреди.

На истиот патен правец триесет минути подоцна се случи и втората сообраќајка, во близина на селото Фариш.

Таму од патот излета автомобил марка Ауди 4 со битолски регистерски таблички.

И во оваа сообраќајка нема жртви а едно лице се здобило со полесни телесни повреди. Немало оштетување ниту на возилото, вели портпаролот на СВР Велес Ненко Александров.

Полицијата направила увид и ќе ги утврдува причините за несреќите./А.Д

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.