Како до помалку депресија и подобро емоционално здравје?
Објавено: 10 март, 2013, во 21:32 часот
Емоционалното здравје претставува основа за воспоствување на зрел однос кон самите себе, професијата за која се одлучуваме, пријателите, партнерите со кои ја делиме љубовта.
Голем број луѓе се држат до тоа дека, емоциите се спонтан процес, нешто што се случува само од себе и дека директно се поврзани со случувањата над кои немаме никакво влијание. Меѓутоа емоциите и однесувањето на луѓето се тесно поврзани со нашето размислување и затоа се осеќаме во склад со начинот на кој размислуваме. Овој став често е присутен во секојдневието бидејќи често се вели дека “Како мислиш, така и ќе ти се случува“.
Емоционално интелигентна личност е способна да ги разбере своите и туѓите чувства, умее да ги разликува во склад со тоа што умее сама да се разбере, своите потреби, има чувство на самоконтрола, самоувереност и има спонтани чувства.
Сите луѓе на разни случки реагираат со различни емоции, затоа што различно ги согледуваат случувањата. Животот на секој поединец, во работната, друштвената или љубавната сфера им е исполнет со бројни стресни случувања, на кои регираат со одредени емоции. Тие можат да бидат здрави и нездрави. Најчесто нездравите емоции се чувство на вина, депресивност, анксиозност, бес, омраза, повреденост, чувство на осаменост.
За секоја од овие нездрави емоции во човечкиот репертоар на емотивно реагирање постојат алтернативни здрави емоции кои ве носат до позитивен исход. Тагата, жалењето и разочарувањето се алтернатива за депресијата, каењето за чувството на вина, лутина и разочарувањето како алтернатива за бес и омраза.
Здравите емоции се разликуваат од нездравите по интензитетот и однесувањето, кои се исход на вакви ситуации. Најчеста последица од нездрави емоции е преокупираност со сопствената лоша состојба, при што не правиме ништо за да ја промениме. Здравите емоции подразбираат да сме незадоволни, разочарани и тажни, али мотивирани да се промениме себе си во правец кој ќе ни донесе повеќе задоволство, а помалку болка.

Тагата е здрава емоција за разлика од депресијата
Депресијата е една од најчестите нездрави емоции кои повеќе пати е пропратена со негативни искуства во љубовните односи. Голем број луѓе соочени со одбивање од саканата личност се склони такавата состојба да ја прогласат а страшна, ужасна и неподнослива.
Доколку личноста се води од рационалното размислување и идеја, тоа што саканата особа не напуштила не е пријатно и повеќе би сакале тоа да не се случи, тогаш ќе чувствува тага, но не и депресија. Тагата е здрава емоција за разлика од депресијата. После раскината врска природно е да се чувствуваме тажни. Ќе потагуваме извесно време, а потоа животот ќе продолжи. Ако на раскинувањето гледаме како на нешто лошо и непријатно и што нам не ни се допаѓа, не би требало во ниеден момент да дозволиме таквото случување целото животно функционирање да ни го обои во црно. Ќе бидеме незадоволни од љубовниот аспект на животот, а нема да бидеме незадоволни од животот во целост.
Реално согледување себе си и околината
Цело време е потребно да имаме на ум дека луѓето своето несреќно чувство го ствараат со сопствените мисли. Ако јасно увидиме дека со своето размислување стануваме несреќни и ако постојано настојуваме да размислуваме поинаку, тогаш може да се изграде патот до емоционално здравје. Начинот за себе си да се поштедиме од преголемо несреќно чувство е да го осмислиме животот и да веруваме дека тоа што го посакуваме е добро да го имаме, но не и дека ни е неопходно./ А.Д
извор: Hello
