Колку чинат локалните избори?

Објавено: 6 март, 2013, во 08:42 часот

Печатење на партиски програми, изработка на видео и аудио реклами, емитување во скоро сите медиуми, телевизии, радија, интернет портали, изнајмени простории за улични штабови, автобуси за митинзи во  секој град, ангажирање на пејачи. Ова се трошоци што ќе ги направат политичките партии пред и за време на кампањата за локалните избори.

Тие законски имаат право да потрошат 180 денари по глас на избирачите што ќе го добијат  во недела на 24 март.

Државната изборна комисија за подготовка на локалните избори ќе потроши 2,3 милиони евра. Од овој буџет ќе се подготват и испечатат гласачки ливчиња, за печати, перничиња, УВ спреј, УВ ламби и друго.

ДИК, за првпат, издвои средства и за печатење на Избирачкиот список за јавен увид во 36 подрачни единици на Комисијата и изводи за гласање за прв и втор круг и евентуално прегласување и посебни изводи за лицата кои гласаат ден пред изборите.

Според изборниот законик, бидејќи се работи за локални избори останатиот дел од трошоците за спроведување на изборите паѓаат на товар на локалните самоуправи. За 14 од нив медиумите објавија дека немаат пари за спроведување на избори затоа што се со блокирани сметки./Б.Н

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.