Опозициската коалиција на митинг во Охрид!

Објавено на 5 март, 2013 во 22:49

„Да не го чекаме септември, еве ја шансата во еден ден, на 24 март, вашиот глас да се брои два пати“ порача од митингот на Сојузот за иднината во Охрид,  лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Му порача на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ дека можат колку сакаат да се инаетат, лажно да читаат и преведуваат, со или без решение на спорот за името со Грција предвремени парламентарни избори ќе имало.

Опозицискиот Сојуз за иднината го промовираше пред Охриѓани кандидатот за градоначалник Александар Петрески кој  по трет пат ќе се натпреварува за градоначалничката функција.

Петрески рече дека вечерва во градот имало реална слика на Охрид, со присутни охриѓани за разлика од синоќа кога владејачката коалиција донела граѓани од цела Македонија.

Доколку по трет пат ја добие довербата на Охриѓани, Петрески, вети реални проекти а не како што рече мегаломански идеи од видот на Скопје 2014-та./ Б.Н

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.